Emre Doğan
10 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Последниот шампион на англиската Премер лига, Лестер Сити, потпиша 4-годишен договор со италијанскиот тренер Клаудио Раниери, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на интернет-сајтот на тимот стои дека договорот на 64-годишниот тренер, кој требаше да заврши во 2018 година, сега е продолжен до крајот на сезоната 2019-2020.
Клаудио Раниери, кој претходно ги водеше италијанските тимови Калјари, Наполи, Фиорентина, Парма, Јувентус, Рома и Интер, шпанските тимови Валенсија и Атлетико Мадрид, францускиот тим Монако и англискиот тим Челзи, изминатата сезона, првпат во 132-годишната историја на тимот, успеа Лестер Сити да го направи шампион во англиската Премер лига.
Раниери, кој краткотрајно беше тренер на националниот тим на Грција, во 2014 година, ги освои италијанскиот куп со Фиорентина, супер купот на УЕФА и шпанскиот кралски куп со Валенсија.