Erkan Tiryaki
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
ИСТАНБУЛ (AA) – Ислам Слимани, алжирскиот напаѓач кој е на позајмница од Лестер Сити, потпиша за турскиот прволигаш Фенербахче, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата на потпишување се одржа на стадионот „Улкер“, а присуствуваше и спортскиот директор Дамиен Комоли.
Слимани (30) рече дека е многу среќен што дошол во Фенербахче.
„Ќе дадам сè од себе да го усреќам овој клуб. Тимот е добар. Го видов тоа на натпреварот против Бенфика“, изјави Ислам Слимани.
Горд е што е дел од Фенербахче и е свесен колку дерби натпреварите во Турција се поинакви од другите.
„Една од причините поради кои дојдов овде е фудбалската атмосфера што владее тука“, појасни Слимани.
Сè уште не е сигурно дали ќе игра на овонеделниот натпревар против Евкур Јени Малатјаспор.
Комоли изјави дека преговорите со Слимани се одамна започнати и дека сакале трансферот да се изврши пред средбата против Бенфика.
Додаде дека се во тек неопходните административни процедури за да може Слимани да игра против Евкур Јени Малатјаспор.