Bedrudin Brlyavac
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
ТАЛИН (AA) - Фудбалерите на Атлетико Мадрид го освоија Суперкупот, со победата над градскиот ривал Реал Мадрид, со резултат 4:2, по продолжетоците во естонскиот Талин, јавува Anadolu Agency (AA).
Атлетико веќе во првата минута поведе со голот на Диего Коста.
Реал изедначи во 27. минута преку Карим Бензема кој погоди на асистенција на Герет Бејл, што беше и резултат од првото полувреме.
Екипата на Реал поведе со 2:1 во 63. минута, со голот на Серхио Рамос од пенал.
Коста во 79. минута, на асистенција на Ангел Кори, постигна погодок за 2:2, што беше и конечен резултат во регуларниот дел на мечот, по што се играа продолжетоци.
Атлетико со головите на Салу во 98. минута и Коке во 104. минута на крајот славеше со конечни 4:2, со што го освои пехарот на Суперкупот.
Од досегашните 46 изданија, ова беше првиот натпревар на Суперкупот на УЕФА, во кој играа тимови од ист град.