спорт

Странски судии во ВАР-собите до крајот на фудбалсаката сезона во Туркије

- По многубројните тензии во турскиот фудбал и критиките во контекст на судењето, првенствено од Фенербахче, ТФФ денес соопшти дека до крајот на сезоната во ВАР-собите ќе бидат ангажирани судии од Италија, Шпанија, Германија, Холандија и Португалија.

Emrah Oktay  | 12.04.2024 - Обновена : 15.04.2024
Странски судии во ВАР-собите до крајот на фудбалсаката сезона во Туркије

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската фудбалска федерација (ТФФ) денес објави дека на критичните натпревари од турската Супер лига до крајот на сезоната во ВАР-собите ќе бидат ангажирани странски судии, јавува Анадолу.

По многубројните тензии во турскиот фудбал и големиот број критики во контекст на судењето, првенствено од страна на Фенербахче, од ТФФ денес соопштија дека до крајот на сезоната во ВАР-собите ќе бидат ангажирани судии од Италија, Шпанија, Германија, Холандија и Португалија.

Нагласено е дека турското барање за ВАР-судии го прифатиле релевантните државни федерации.

На натпреварите на кои ќе работат странски ВАР-судии, јазици за комуникација ќе бидат турскиот и англискиот. Поради оваа причина, АВАР, АВАР 2 и ВАР-поддршката што може да комуницираат на англиски јазик ќе служи заедно со видео помошниот судија.

Во 32. коло од Супер лигата, странски ВАР-судии ќе бидат доделени на натпреварите МКЕ Анкарагуџу-Газиантеп ФК, Фатих Карагумрук-Фенербахче и Аланјаспор-Галатасарај.

Натпреварот од Суперкупот на Туркије меѓу Галатасарај и Фенербахче на 7 април беше прекинат откако играчите на Фенербахче го напуштија теренот во втората минута.

Натпреварот се одигра на стадионот во градот Шанлиурфа, а екипата на Фенербахче во знак на протест, според Фудбалската федерација на Туркије, на теренот излезе со јуниорскиот состав У19.

Професионалната фудбалска дисциплинска комисија (ПФДК) на Турската фудбалска федерација (ТФФ) вчера одлучи на Фенербахче да му се заведе пораз од 3:0 поради напуштање на теренот и да му се изрече парична казна од четири милиони турски лири (116.000 евра).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.