спорт

Макс Верстапен првпат славеше на трката за Големата награда на Кина во Формула 1

- Холанѓанецот победи со 13.773 секунди предност пред Британецот Ландо Норис (од Мекларен), а третопласиран беше неговиот клупски колега, Мексиканецот Серхио Перез

Alma Dekovic  | 21.04.2024 - Обновена : 24.04.2024
Макс Верстапен првпат славеше на трката за Големата награда на Кина во Формула 1

ПЕКИНГ (АА) - Актуелниот трикратен светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен која настапува за тимот на Ред Бул, ја постигна својата четврта победа оваа сезона, прва во кариерата на патеката за Големата награда на Кина, пренесува Анадолу.

На Верстапен за 58. победа во кариерата на патеката во Шангај му беа потребни 1 час, 40 минути, 52 секунди и 554 илјадити делови од секундата.

Холанѓанецот победи со 13,773 секунди предност пред Британецот Ландо Норис (од тимот на Мекларен), а третопласиран беше неговиот клупски колега, Мексиканецот Серхио Перез (+19,160 секунди).

На четвртото и петтото место се пласираа двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц Џуниор. Шести беше Британецот Џорџ Расел (од Мерцедес), а седмото место му припадна на Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

Некогашниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, кој настапува за Мерцедес го освои 9-тото место, со заостанување од +57,986 секунди.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.