Mohamed Sabry Emam Muhammed
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
КAИРО (АА) - Египетскиот суд во саботата осуди десет лица на смртна казна поради наводните обвиненија за тероризам, наведоа локалните судски извори кои сакаа да останат анонимни, јавува Anadolu Agency (AA).
Кривичниот суд во Гизи осуди уште пет лица на доживотен затвор за слични обвиненија. Обвинителството ги обвини осомничените дека формирале група за планирање напади врз државните институции, безбедносните сили и врз коптските христијани, како и за поседување оружје.
Сите осуденици имаат право на жалба.
Египет е изложен на бран насилства, откако војската изврши државен удар во 2013 година и го симна претседателот Мохамед Морси.
Откако Морси беше симнат, египетските власти започнаа со акција против неистомислениците во која беа убиени стотици и уапсени илјадници луѓе.