Ekip
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
МОСКВА (AA) – Рускиот претседател Владимир Путин рече дека не го интересира наводното мешање на Русија во претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), бидејќи не е поврзано со неговата Влада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за американската телевизиска мрежа „NBC" рускиот претседател е запрашан дали ја одобрува вмешаноста на 13 руски државјани и три компании во изборите кои се именувани во американското обвинение.
„Воопшто не ме интересира, бидејќи тие не ја претставуваат Владата", рече Путин, според транскриптот на интервјуто кое денеска го бојави Кремљ, и додаде:
„Можеби тие не се ниту Руси, туку Украинци, Татари, Евреи, но со руско државјанство, што треба исто така да се провери. Можеби имаат двојно државјанство, можеби САД ги платиле тоа да го направат. Како можете тоа да го знаете? Јас не знам."