Vesna Besiç
10 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
МОСКВА (АА) - Веројатно најпопуларната црква во Русија е Катедралата Св. Василиј, која се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Изградена е во втората половина на 16. век по наредба на царот Иван IV, меѓу народот познат како Иван Грозни. Катедралата го носи името Свети Василиј, кој како пророк го предвиде големиот пожар во Москва во 1547 година. Неговите посмртни останки и денес се наоѓаат во катедралата.
Катедралата се состои од осум помали цркви собрани околу една главна. Таа има десет капелни кули, а најголемата од нив е висока 46 метри.
Екстериерот, првично во бела боја, бил обоен во 17. век кога железниот покрив (позлатен) беше заменет со ќерамиди.
Во 1955 година, рестораторите ја пронајдоа тајната на црковната конструкција, закопана во зидовите од тули, користени се дрвени калапи кои им помагале на градителите во изградбата на црквата.