Mücahit Hüseyin Eroğul
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Фудбалер на турскиот прволигаш Фенербахче и член на клупскиот медицински тим се позитивни на коронавирусот (Ковид-19), потврдено е од клубот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сите фудбалери на првиот тим, стручниот штаб и медицинскиот тим денес поминаа тест за коронавирус во нашиот комплекс Џан Барту“, наведено е во соопштението во кое се додава:
„Испитувањето кај еден фудбалер и кај еден од членовите на медицинскиот тим покажа наоди на коронавирус. Поради детално испитување на наодите и лекување префрлени се во болница“, стои во соопштението на Фенербахче.
Не е откриено името на фудбалерот кој е позитивен на коронавирус.