Doga Kirmizioglu
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
РИО ДЕ ЖАНИЕРО (АА) – На Летните олимписки игри 2016 во Рио, на петтиот ден од натпреварите за медал, САД го задржаа своето лидерство во генералниот пласман, јавува Anadolu Agency (AA).
Во натпреварите што се одржуваат во бразилскиот град Рио де Жаниеро, САД освои вкупно 32 медала, од кои 11 златни, 11 сребрени и 10 бронзени, и продолжи да ја држи позицијата на врвот од пласманот за медали.
На второто место, по САД, е Кина со вкупно 23 медали, од кои 10 златни, 5 сребрени и 8 бронзени. Јапонија, пак, е на третото место со вкупно 18 медали, од кои 6 се златни, 1 сребрен и 11 бронзени.
Турција со 1 сребрен медал, од 32. падна на 36. место на ранг-листата.