спорт

Британецот Елфин Еванс победник на Светското првенство во рели што се одржа во Турција

Петтата трка од сезоната се возеше во турското туристичко место Мармарис, а учествуваа 130 спортисти од 19 земји, односно 65 автомобили. Трката се водеше под покровителство на турското Претседателство

Durmuş Genç, Sabri Kesen  | 20.09.2020 - Обновена : 21.09.2020
Британецот Елфин Еванс победник на Светското првенство во рели што се одржа во Турција Фото: Mustafa Çiftçi/AA

МАРМАРИС (АА) - Елфин Еванс, од тимот на Ред Бул, е победник на петтата трка на Светскиот шампионат во рели (WRC), што се одржа во Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).

Петтата трка од сезоната се возеше во турското туристичко место Мармарис, а учествуваа 130 спортисти од 19 земји, односно 65 автомобили. Трката се водеше под покровителство на турското Претседателство.

Трката се возеше на делница од вкупно 707 километри, а првопласираниот Британец Еванс ја помина за 2 часа 44 минути и 2,7 секунди.

Со заостанување од 35,2 секунди, втор низ целта мина Белгиецот Тиери Невил од тимот на Хјундаи Шел Мобис, а трет беше Французинот Себастијан Лоеб, исто така од Хјундаи Шел Мобис, со заостанување од една минута и 0,6 секунди.

Шестата трка на Светското првенство во рели ќе се одржи од 8 до 11 октомври во Италија.

Вака изгледа листата на првите пет пилоти од денешната трка во Турција:

1. Елфин Еванс: 2.43.02.7

2. Тиери Невил: 2.43.37.9

3. Себастијан Лоеб: 2.44.02.1

4. Кале Рованпера: 2.45.38.6

5. Гас Гринсмит: 2.47.11.0.38

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın