Doğa Kırmızıoğlu
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Овој викенд, во рамките на Светскиот шампионат во Формула 1, во бразилскиот град Сао Паоло ќе се одржи 19. трка сезонава. Возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 71. круг на патеката „Хозе Карлос Пасе“ (позната по своето поранешно име „Интерлагос“), долга 4.309 метри, јавува Агенција Анадолија (АА).
Квалификациските трки за полпозицијата за Големата награда на Бразил ќе се одржат утре со почеток во 20:00 часот по средноевропско време, а в сабота, на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот ќе се одржи и Спринт трката, која по третпат ќе се одржи сезонава. Трката за ГН на Бразил е закажана за недела на 14 ноември со почеток во 18:00 часот.
Оваа сезона сме сведоци на голема конкуренција во трката за шампионската титула во Формула 1 и меѓу возачите и меѓу тимовите. Во моментов Макс Верстапен од тимот на Ред Бул-Хонда има извојувано победа на 9 трки, а Британецот Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, победи на пет трки. Серхио Перез од Ред Бул-Хонда, Естебан Окон од Алпин, Даниел Рикардо од Мекларен-Мерцедес и Валтери Ботас од Мерцедес успеаја да извојуваат по една победа.
Пласманот на возачите и тимовите според освоените бодови во досегашните трки во Формула 1 е следен:
Пласман на возачи:
1. Макс Верстапен (Холандија): 312,5 поени
2. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 293,5 поени
3. Валтери Ботас (Финска): 185 поени
4. Серхио Перез (Мексико): 165 поени
5. Ландо Норис (Велика Британија): 150 поени
Пласман на тимовите:
1. Mерцедес: 478,5 поени
2. Ред Бул: 477,5 поени
3. Мекларен: 268,5 поени
4. Ферари: 255 поени
5. Алпин: 106 поени