Doga Kirmizioglu
11 Октомври 2018•Ажурирај: 12 Октомври 2018
АНКАРА (AA) - Поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија, Џон Тери, кој неодамна ја заврши фудбалската кариера, именуван е за помошен тренер на англискиот прволигаш Астон Вила, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од англискиот клуб е соопштено дека на местото на новиот тренер на клубот е именуван англискиот фудбалски стручњак Деан Смит, а дека негов помошник ќе биде Џон Тери.
Тери (37), по поминатите 19 сезони на „Стемфорд Бриџ“ премина во екипата на Астон Вила, каде што пред неколку дена и официјално ја заврши кариерата.
Од клубот, исто така потврдија дека на местото на техничкиот директор е именуван Шпанецот Хесус Гарсиа Питарч, кој оваа функција претходно ја извршуваше во Валенсија и во Атлетико Мадрид.
Астон Вила со вкупно 15 освоени поени се наоѓа на 15. место на табелата на англиското првенство.