Ekipa
15 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Францускиот тренер Арсен Венгер (68), кој по 22 години ја напушта клупата на Арсенал, изјави дека и понатаму ќе остане во фудбалот, додавајќи дека веќе добил десетици многу интересни понуди, јавува Anadolu Agency (AA).
Сепак, како што рече во интервју за „Arsenal.com“, тој сигурно нема да продолжи да работи во англиската Премиер-лига.
„Тоа би било претешко. Во овој момент, ако продолжам да работам како тренер, мислам дека ќе мора да се отселам надвор од земјата, бидејќи би се чувствувал како да сум го предал клубот ако останам во Англија. Луѓето може да помислат дека сум го предал сето она што овде го градевме“, рече Венгер.
На крајот тој истакна дека сепак ќе остане голем обожавател на Арсенал.
„Мојот клуб е тука, моето срце е тука и ќе остане тука засекогаш. Како што веќе реков, јас сум обожавател, пред сè“, рече францускиот експерт.
Венгер на клупата на лондонскиот клуб седна во 1996 година, освојувајќи три титули во Англија и седум ФА купови и супер-купови. Пред да дојде во Арсенал, ги водеше Ненси, Монако и Нагоја Грампус.