Serhat Bağbars
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Шпанецот Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити е прогласен за најдобар технички директор во англиската Премиер лига за сезоната 2017-2018, јавува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на клубот е објавена веста дека 47-годишниот технички директор на Манчестер сити, кој на клубот му ја донесе 5. шампионска титула во Премир лигата, е избран за најдобар технички директор во лигата.
Сезонава Гвардиола со Манчестер Сити во Премиер лигата освои 100 поени и ја освои шампионската титула во англиската Преиер лига. Шпанскиот фудбалски стручњак истовремено успеа да ги урне рекордите во Премиер лигата на тим со најголем број освоени поени, најголем број победи, најголем број погодоци, најголема поен-разлика со второпласираната екипа и најголема гол-разлика.