Ekipa
12 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
АУДИН / ИЗМИР (АА) - Единиците на турската крајбрежна стража спасија поголем број на мигранти истуркани и вратени назад во турските територијални води од грчката страна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 33 мигранти се спасени од гумен чамец во местото Урла во турската област Измир на Егејското Море.
Други 17 мигранти заглавени на гумени чамци беа спасени недалеку од брегот на Дидим, во турската област Ајдин.
По извлекувањето од морето биле упатени во локалната канцеларија за миграции.
Во одделен инцидент во Дидим, еден мигрант се удавил откако чамецот на кој се наоѓал, се превртел. Девет лица се спасени.
Турција и групите за човекови права континуирано ги осудуваат грчките нелегални практики на истуркување на мигрантите, нагласувајќи дека тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право, со загрозување на животите на ранливите мигранти, меѓу кои има и деца и жени.