Yıldız Nevin Gündoğmuş
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турската артилерија и коалиционите воздушни сили започнаа нови напади врз позициите на терористичката организација ДАЕШ во северна Сирија, а во таа прилика се убиени најмалку пет терористи и уништени се две оклопни возила, осум згради и три минофрлачки гнезда, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен извор објави дека радарските системи и извидниците на турската граница вчера откриле 13 позиции на ДАЕШ во северниот дел на Сирија преку кои терористите подготвувале ракетни напади врз Турција.
Турската артилерија потоа целосно ги уништи сите 13 терористичките позиции.
Коалицијата за воздушните сили во борбата против ДАЕШ, предводена од страна на САД, исто така изврши две воздушни акција и ги напдна позициите на ДАЕШ во северниот граничен појас.
Турските воздушни сили вчера напдна и уништија девет положби на терористите на ПКК во Миргесав, место на периферијата Семдилни во провинцијата Хакари, и пет терористички упоришта во планинските региони на Кандил и Хакурк во северен Ирак.