свет

Над 650 мигранти, фатени недалеку од брегот на Либија, вратени назад во земјата

„650+ луѓе се истуркани назад во Триполи од страна на милициите вооружени од ЕУ… Стоп за илегалните истуркувања, притвори и тортури во Либија“

Mücahit Aydemir  | 17.05.2021 - Обновена : 17.05.2021
Над 650 мигранти, фатени недалеку од брегот на Либија, вратени назад во земјата

ТРИПОЛИ (АА) - Повеќе од 650 мигранти фатени недалеку од брегот на Либија се вратени во главниот град на земјата Триполи, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Преживеаните заминаа од Звара на 4 гумени чамци и беа пресретнати/спасени и вратени“, соопшти Агенцијата преку Твитер.

Тарик Аргаз, портпарол на Агенцијата во Либија, објави на Твитер дека мигрантите се испратени во центрите за притвор, „каде што ужасните услови и злоупотребата се чести“, откако добиле медицинска помош.

Невладините организации што се занимаваат со доброволни активности за пребарување и спасување на нерегуларните мигранти во Средоземното Море предупредија дека мигрантите се присилно вратени во Либија со методот на истуркување.

„650+ луѓе се истуркани назад во Триполи од страна на милициите вооружени од ЕУ… Стоп за илегалните истуркувања, притвори и тортури во Либија“, објави на Твитер „Mediterranea Saving Humans“ со седиште во САД.

Либија стана една од важните точки во премините на африканските нерегуларни мигранти, кои бегаат од сиромаштија и конфликти во последните неколку години, кон Европа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.