Zuhal Demirci
17 Мај 2021•Ажурирај: 18 Мај 2021
ЛОНДОН (АА) - „Амнести интернешнал“ (Аmnesty International), истакнa дека се длабоко загрижени поради зголемувањето на бројот на жртви во Газа како резултат на израелските напади, и наведе дека директните напади врз цивилите се воени злосторства, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Организацијата, чие седиште е во Велика Британија, се нагласува:
„Длабоко сме загрижени поради зголемувањето на бројот на жртви во Газа, каде што загинаа 188 лица, вклучително и 55 деца. Меѓународниот кривичен суд треба да го истражи израелскиот напад врз бегалскиот камп Шати, каде што во саботата беа убиени 2 жени и 8 деца. Директните напади врз цивилите се воени злосторства.“
Вчера, како резултат на израелските напади во Газа, 10 Палестинци, од кои 2 жени и 8 деца од семејствата на Ебу Хатаб и Ел-Хадиди ги загубија своите животи.
Состојбата во опколениот Појас Газа, кој Израел го напаѓа од воздух и копно од 10 мај, се влошува.
Во израелските напади досега животот го загубија 192 лица, од кои 58 деца и 34 жени, а повредени се 1.235 лица. Исто така во нападите целосно се уништени десетици згради.