Dzihat Aliju
02 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Денес во Скопје беа промовирани седум книги на турската литература, кои се преведени на албански јазик од страна на издавачката куќа “Шкупи”, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот присуствуваа Азам Даути, директор на издавачката куќа “Шкупи”, претседателот на Советот на Општина Чаир Захир Бектеши, заменик-градоначалникот на Општина Чаир, Сулејман Баки, директорот на Турскиот културен центар “Јунус Емре” во Скопје, Мехмет Самсакчи и дурги гости.
Директорот на Турскиот културен ценар “Јунус Емре” во Скопје, Мехмет Самсакчи изразувајќи го своето задоволство, преведувањето и издавањето на книгите ги пофали како многу ефикасна и добра работа.
“Да не забораваме дека преведувањето е една многу тешка и вредна работа. Во историјата на религиите и светот преводот имал една огромна важност. Превод значи спојување на два света, две универзуми или два богатства” рече Самсакчи.
Самсакчи рече и дека “поет од првиот период на Република Турција рекол дека поезијата е злато кое што е изградена со убави зборови”, заблагодарувајќи им се на сите поети и писатели кои ги красат нашиот свет со убави зборови и преведувачите кој што дадоа свој придонес во овој контекст.
Директорот на издавачката куќа “Шкупи” Азам Даути, во својата изјава за новинарите давајќи детали за преведените книги рече дека тоа е задоволство да се учествува на еден голем аудиториум.
Тој истакна дека преводите на книгите ги направиле во во соработка со Програмата на Турција за поддршка на превод и објавување (TEДА).
“Беше посебно задоволство на оваа промоција да ги промовираме книжевните вредности на турската литература, на албански јазик. Со овие седум книги издавачката куќа “Шкупи” завршува со серија на своите промоции. Порано се промовираа 20 книги на норвешката литература на Саемот на книгата во Тетово, а потоа четири книги од канадската литература. Со овие седум книги завшивме со серијата на промоции” кажа Даути.
Промовираните наслови, кои се преведени од турски на албански се : “Чифликот на дамата 1” и “Чифликот на дамата 2” од Орхан Кемал, “Крвта не зборува” и “Зелените Јаболка” од Назим Хикмет, “Хурем Султан” од Назим Текташ, “Мадама Флоридис може да не се врати” од Марио Леви и “Една мачка, еден човек, еден смрт” од Зулфу Ливанели.
Денешниот настан беше проследен со турска и албанска инструментална музика.