СКОПЈЕ (АА) - Јени џамијата со децении чека да се врати во сопственост на Исламската Верска Заедница (ИВЗ) на Македонија. Но, сега џамијата е претворена во Уметничка галерија, со што не се согласува ниту ИВЗ ниту Муфтиството на Битола.
Битолскиот Муфтија, Пелумб Велиу, во разговор за Anadolu Agency (АА) зборуваше за загрижувачата судбина на Јени џамијата во овој град. Тој рече дека на неправеден и незаконски начин државата врши узурпација на џамијата.
Според него, џамијата треба да се врати во сопственост на ИВЗ и потоа истата институција да ја стави во употреба за извршување на верските обреди на муслиманските верници.
Муфтијата Велиу рече дека за жал сега се наоѓаме во фаза пред крајна,тотална узурпација на Јени џамијата, и тоа засекогаш, од страна на актуелнатавласт, ситуација која не е нова туку започнала од 1945, односно од 1948година.
„Во периодот до 1970 година Јени џамијата служеше како магацин за пченка или депо за нешто друго, се додека не се донесе решение верскиот објект да стане уметничка галерија. Проблемот застанува таму кога решението за враќање на џамијата повторно се донесува со друго решение од тогашната власт и повторно ‘де јуре’ џамијата и се одзема на ИВЗ”, потенцира Велиу за АА.
Според него, ваквата ситуација продолжи до 2003 година и џамијата служи како уметничка галерија, иако ИВЗ секогаш реагирала и никогаш не се согласувала со статусот на Јени џамијата.
-Не се точни тврдењата за темелите на црквата–
Зборувајки за ископувањата во Јени џамијата, Битолскиот муфтија ги негираше тврдењата на некои македонски археолози за наводни темели нацрквата Свети Ѓорѓија.
„Било каде да ископувате во Битола, во Скопје или во строгите центари на градовите ќе најдете три камења, еден над друг или ќе најдете некој темел што воопшто не е ниту аргумент ниту факт дека таму имало црква или некоја друга градба. Немаше, затоа што сега и најдоа и име наводно дека била цркватаСвети Ѓорѓија”, изјави муфтијата Велиу.
Тој истакна дека од 2011 година па наваму речиси во сите материјали или пишани документи при комуникација во релација Министерство за култура, Заводот за заштита на културното наследство и Заводот за заштита на културното наследство од градот Битола секогаш се пишува Јени џамија – Црквата Свети Ѓорѓија.
„Значи, името на џамијата не е веќе Јени џамија туку е двојно име кое го сочинува и тоа и другото име, и така утре или задутре името на Јени џамијата ќе се избрише од аспект на вистината. Ја најдовме и тапијата на Јени џамијата но за жал таа тапија не е верификувана или нема печат. Поради кои причини, ние немаме сознанија”, изјави Битолскиот муфтија, Пелумб Велиу.
- Баравме правда по судовите на земјата, но без успех –
Во врска со овие препреки Муфтијата Велиу истакна дека одлучиле правдата за Јени џамијата да ја бараат по судовите но без успех.
„Одлучивме нашиот проблем или нашиот предмет да го дадеме на суд и да бараме негово разрешување преку правосудните органи на Република Македонија и почнавме постапка која траеше од 1998 до 2009 година, значи 11 години. Единствената причина зошто бевме одбиени беше дека судот бараше доказ за сопственост, како да самата џамија не беше доказ за сопственост”, истакна Велиу.
Тој останува со надеж дека овој проблем ќе се реши во рамки на вистината а не според желбата на некои. Џамијата да ѝ се врати на ИВЗ и да биде во служба на муслиманските верници.
„Верувам дека овој проблем ќе се реши во рамките на вистината а не во рамки на желбата на некои, да се донесе одлука на начин како што бара правдата и Јени џамијата веднаш да ѝ се врати на ИВЗ, која веднаш треба да ја стави во служба на заедницата, во служба на она поради што е изградена” , изјави Велиу.
Директорот на Националниот конзерваторски центар, Мехмет Селмани, за АА рече дека е направена повреда на постапката.
„Мислам дека има повреда, затоа што ние како Матичен национален центар на недвижен имот на наследството во Република Македонија, локалните центри се должни проектите на овие објекти да ги достават на ревизија кај нас. Досега не сме имале ниедно барање, било од Дирекцијата за културно наследство, било од Музејот - Битола. Иако, таму има дозвола, и сигурно има зошто гледаме дека во табличката има дозвола за конзервација. Има две дозволи,дополнителната дозвола од 2014 година и дозволата од оваа 2015 година за конзервација”, изјави Селмани.
Според него, ова значи дека конзерваторско одобрение се дава врз основа на извештајот на Комисијата за ревизија што се прави на проектот.
„Ние сме овластени според членот 86 и ако е доделено одобрение за ревизија од некоја друга комисија, јас мислам дека има повреда”, рече тој.
Од друга страна Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи во изјава за Anadolu Agency (АА) рече дека иако не знаел за неодобрување на одлуката за ревизија во Националниот конзерваторски центар истакнува дека проектот треба да се ревидира.
- Постапката треба да се редефинира од почеток
„Овластувањата ги презел Заводот за заштита на спомениците и Музеј-Битола, со што е прекршен законот. Во овој случај група на луѓе или инспекторите на Дирекцијата за заштита на културното наследство може да излезат на терен да го известат Министерството дека таа дозвола е невалидна, дека не поминала, според потврдите кои ги добивме од Националниот козерваторски центар, ниту една експертиза, и во овој случај инспекторите треба да ја запрат оваа работаа постапката треба да се редефинира од почеток”, истакна Шехапи.
Во меѓувреме Шехаби ги негира обвинувањата дека тој ја потпишал програмата на Министерството за култура за 2011 година, во која Јени џамијата се преименува во црква Свети Ѓорѓија, додавајќи дека поранешниот директор на Националниот консерваториски центар немал законски овластувања да менува име на џамија или пак да одобрува програма.
Тој наведе дека владата треба да го почитува Османлиското наследство во земјава а за конкретниот случај треба да има политичко решение.
- Потребно е политичко решение
„Во оваа држава, во оваа Влада нема добра волја. Овој еклатантен пример дека не постои добра волја, нема респект за отоманското културно наследство, а во исто време нема почит кон турската држава од каде што извира ова наследство во овие области.Треба да има политичко решение. Мислам дека во овој случај, Владата на Република Македонија треба да ги земе во предвид барањата на државата Турција, треба да се има в предвид добриот однос на Турција кон оваа Влада ", рече државниот секретар Шехаби.
Инаку, во Македонија, како што вели тој, се негува отоманскиот период, но за овие два случаи, во Битола и Прилеп, потребно е политичко решение за кое треба војла.
„Јени џамијата треба да функционира како џамија и да ѝ се врати на ИВЗ, треба да престанат тенденциите за уништување на џамијата или нејзинотопретворање во нешто друго", рече Шехаби.
Јени џамијата е изградена во 1552-1556 година и се до Втората светска војна функионирала за потребите на верниците муслимани, но веднаш по завршувањето на Втората светска војна, џамијата била узурпирана од страна на тогашната југословенска комунистичка власт.