Ekip
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ЛОНДОН (АА) - Ирската рок-група „U2" објави дека Аунг Сан Су Кји, лидерката на Мјанмар мора да се огласи по повод насилството што доведе до егзодус на малцинството на Рохинџите, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 600.000 членови на муслиманското малцинство во Мјанмар од август побегнаа во Бангладеш. Егзодусот се случи откако Рохинџите ја нападнаа полицијата и паравоените позициите на мијанмарските формации, по што следуваше кампања на безбедносните сили во која изгореа голем број села во кои живееја припадници на муслиманското малцинство.
„Злосторствата против Рохинџите кои се случуваат пред очите на Аунг Сан Су Кји ги поматуваат нашите умови и го скршија нашето срце“, порача ирскиот бенд „U2".
„U2" исто така го критикуваше Мин Аунг Хлаинг, лидерот на армијата на Мјанмар.
Ирскиот бенд водеше кампања за ослободување на Су Кји, која со години беше во притвор за време на воената власт во Мјанмар.