Laith Joneidi,Safiye Karabacak
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
АМАН (AA) - Јордан, Русија и Соединетите Американски Држави (САД) постигнаа договор околу формирање на неконфликтна зона на југот на Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јави Јорданската новинска агенција PETRA, министерот за информирање и гласноговорникот на Владата на Јордан Мухамед ал-Мумени потврди дека функционерите на САД, Русија и Јордан се состана во Аман и постигнаа договор за формирање на неконфликтна зона на југот на Сирија
Мумени рече дека тоа е чекор на три земји направен со цел запирање на насилството и изнаоѓање на одржливо политичко решение во Сирија и додаде дека новиот договор ги поддржува претходните одлуки на трите земји кои се однесуваат на примирјето на југозападот на земјата.
Со иницијативата која ја покрена Јордан, во мај оваа година почнаа преговорите на трите земји, а завршија со договор со кој е пружена поддршка на примирјето, намалување на напнатоста и доставувањето на хуманитарна помош во регионот, се додека во земјата повторно не се воспостави безбедност.