Şenhan Bolelli
12 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
МАДРИД (AA) - Илјадници граѓани се собраа денеска на протест во Барселона со барање да се ослободат притворените каталонски политичари, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот го организираа водечките невладини организации на каталонското движење за независност, а во Барселона денеска и од различни каталонски региони стасаа околу 900 автобуси.
Во текот на протестот, на кој според информациите од полицијата на Барселона, присуствувале илјадници граѓани, побарано е да се ослободат осум членови на каталонската влада и двајца членови на каталонските организации, кои се обвинети за востание, бунт и проневера, по едностаното прогласување на независноста на 27 октомври.
Во првиот ред на денешните протести беа семејствата на затворените каталонски политичари, а демонстрантите носеа транспаренти „Слобода за политичките затвореници" и „Ние сме републиканци".
Исто така, можеа да се слушнат и паролите „Пуџдемон е наш претседател", „Единствени сме како никогаш до сега", ќе ја штитиме легитимната влада", „На демократијата и е потребна помош, каде е Европа".