Ekipa
31 Март 2016•Ажурирај: 01 Април 2016
БРИСЕЛ (АА) – Адвокатот на осомничениот за организирање на терористичките напади во Париз, потврди декa неговиот клиент прифатил да соработува со француските власти и дека не се противи на испорачувањето во Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кедрик Моис, адвокатот на Салах Абдеслам, истакна дека неговиот клиент не се противи на испорачувањето во Франција, која го побара тоа од Белгија по неговото апсење, така што таму би се соочил со обвиненијата за терористичките напади и дека би сакал изрекувањето да се изврши што е можно поскоро.
Абдеслам, по четири месеци во бегство беше уапсен на 18-ти март во Брисел.
Во серијата терористички напади во Париз на 13-ти ноември минатата година загинаа 130 лица.