Hakan Çopur
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Роберт Келнер, адвокат на поранешниот советник за национална безбедност во Белата Куќа, Мајкл Флин, тврдењата на американските медиуми за киднапирање и мито, против неговиот клиент ги нарече лажни и многу валкани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на Флин, Келнер, преку писмено соопштение ги негираше тврдењата во вест на весникот "Amerikan Wall Street Journal" (WSJ) против неговиот клиент.
Келнер нагласи дека тврдењата против Флин кој се обвинува за повеќе прашања како киднапирање и мито, се лажни и многу валкани.
Адвокатот рече го почитуваат процесот кој се води во САД во рамките на истрагата против Русија, и додаде дека избегнуваат да дадат одговор за секое тврдење или наводи во медиумите против неговиот клиент.
- „Многу валкано и со предрасуди“
„Но денешните вести ги донесоа на дневен ред тврдењата, од киднапирање, се до мито, против Генерал Флин. Тие се толку гадни и со предрасуди што овој пат правиме исклучок на нашиот принцип (околу тоа што не даваме одговор за секое тврдење). Тие се лажни“, се вели во соопштението.
WSJ во една вест околу ова прашање објавена во петокот, тврдеше дека во декември е одржана една средба меѓу Флин, неговиот син и некои турски функционери во врска со киднапирање на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, надвор од САД за 15 милиони долари, и дека оваа средба се истражува од страна на специјалниот обвинител, Роберт Милер, кој ја води истрагата против Русија.
Весникот како извор на оваа вест наведе „некои имиња блиски до истрагата“, но не беше наведена конкретна адреса за изворот на содржината на средбата за која се тврди дека е одржана меѓу Флин, турски функционери и бизнисмени.
- Вулси известил за средбата
Од друга страна, весникот WSJ исто така во една претходна вест објави дека пред средбата во декември е одржана средба на 19 септември, и дека на оваа средба учествувал и поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џејмс Вулси.
Вулси кој воедно е и поранешен бизнис партнер на Флин, во изјава за весникот околу ова тема тврдеше дека на средбата разговарале за повеќе теми вклучувајќи ја и темата за киднапирање на Ѓулен.
- Понуда од 10 милиони евра
Но, во една вест на новинската агенција Ројтерс (Reuters) објавена на 26 октомври, се тврдеше дека Вулси на 20 септември 2016 година понудил 10 милиони евра за двајца турски бизнисмени за напорите во врска со дискредитирање на Ѓулен, но дека овие бизнисмени не го прифатиле тоа.
Привлече внимание тврдењето дека еден ден по наводната средба меѓу Флин и Турските претставници и бизнисмени, Вулси се состанал со истите бизнисмени за прашањето околу Ѓулен, и дека побарал договор од 10 милиони долари. Поранешниот директор на ЦИА не даде одговор околу тврдењата за договорот од 10 милинои долари.
- Две различни изјави на Вулси
Вулси во интревјуто за весникот WSJ коешто го даде околу еден месец откако беше ставен крај на функцијата на Флин на 14 февруари, истакна дека со турските претставници и бизнисмени разговарале околу прашањето за Ѓулен, но дека не се сеќава точно кој што кажал.
Но, Вулси кратко време по интервјуто за WSJ даде изјава за американскиот тв канал "Си-Ен-Ен" (CNN), во кое зборуваше различно од претходното интервју, и пренесе дека Флин е тоа лице кое истакнало дека ќе и помага на Турција околу прашањето за Ѓулен.
Специјалниот обвинител Савџи Милер ја води истрагата околу тврдењата дека Русија преку сајбер напади интервенирала во претседателските избори во САД. Во американската јавност Флин се забележува како едно од најзначајните имиња во истрагата на Милер против Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека Флин бил користен против него во рамките на истрагата против Русија.