Sinan Uslu
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - „Тврдењата околу мојот разговор со претседателот Ердоган во врска заложниците во Конзулатот на Мусул се сосема неточни“ изјави поранешниот шеф на Генералштабот на Република Турција, Неџдет Озел, јавува Anadolu Agency (AA).
Пензионираниот генерал Озел, за АА даде објаснување во врска тврдењата на пратеникот на Републиканската Партија на Народот (CHP) Дурсун Чичек кои што денес беа објавени од страна на некои медиуми.
„Денешните тврдења од страна на некои медиуми околу мојот разговор со претседателот Ердоган во врска заложниците во Конзулатот на Мусул се сосема неточни“, изјави Озел во врска со тврдењата за неговиот разговор пред 3 години со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во времето кога беше премиер.