İsmail Özdemir
24 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите од Кабинетот на претседателот на Турција, двајцата лидери разговараа за сириската криза како и неодамнешниот атентат на рускиот амбасадор, Андреј Карлов.
За време на разговорот изразија задоволство поради евакуацијата од Алепо која следеше по заедничките напори на Турција и Русија.
Двајцата лидери исто така го нагласија значењето на заедничките напори за воспоставување на примирје во Сирија.
Ердоган и Путин изразија задоволство поради соработката на експертите од двете земји во спроведувањето на истрагата за атентатот на амбасадорот Карлов.