İlkay Guder
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим изјави дека граѓаните на Турција, на 16 април ќе излезат на гласање на референдум што ќе донесе подобра иднина и посилна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим говореше на состанокот со шефовите на турските општини во Кемер, во близина на Анталија, и во оваа прилика меѓу другото се осврна на референдумот за уставните измени за кои Висока изборна комисија на Турција денеска потврди дека ќе се одржи на 16 април 2017 година.
Тој истакна дека турскиот народ на 16 април, повторно ќе излезе на гласање и тоа ќе го направат за подобра иднина, за посилна Турција и развиени градови во Турција.
„Турција на 16 април ќе дочека една нова пролет. Нека е со среќа", рече Јилдирим.
Јилдирим, во оваа прилика ја критикуваше опозициската Републиканска народна партија велејќи дека партијата, наместо да учествува во решавањето на проблемите важни за земјата, работи на поделба на населението.
„Лидерот на опозициските партии зборува како ФЕТО, ПКК и ХДП. Тоа не е убаво, затоа што опозицијата е алтернатива на власта. Со движење по оној пат по кој се движат терористите ќе се направи штета на oпозициската партија. И тоа не им се допаѓа на нашите граѓани кои се поддржувачи на оваа партија", рече Јилдирим.