Sinan Uslu
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
АНКАРА (AA) – Од почетокот на интервенцијата на турските вооружени сили на северот на Сирија, офанзивите познати под називот „Штитот на Еуфрат", турската војска неутрализираше 2.705 терористи на ДЕАШ и 344 терористи на ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на турската војска се наведува дека акцијата на сузбивање на дејствата на терористите на југоистокот на Турција е во тек, како и дека продолжува офанзивата „Штитот на Еуфрат" на северот од Сирија.
Како места на антитерористички акции на југоистокот на Турција во соопштението посебно се наведуваат турските градови Тунџели, Ширнак, Дијарбакир, Мардин, Битлис и Агри.
Во текот на последните антитерористички акции во регионите Бејтусеб во Ширнак, Хозат во Тунџели, Татван во Битлиси, Нусајбин во Мардин и Диџле во Дијарбакир, неутрализирани се најмалку шест терористи.
Исто така, запалени се 10 јуришни пушки, три пиштоли, еден снајпер, еден митролез, 16 сачмарки и голема количина на различна муниција, бомби и импровизиран експлозив. Запленети се и значителни количини на криумчарени цигари и различни видови наркотици, за кои е познато дека се еден од главните финансиски извори на терористичката организација на ПКК.
Генералштабот на Турција информираше за офанзивата Штитот на Еуфрат која е покрената на 24. август на северот на Сирија поради неутрализација на терористичките закани со акцент на „ДЕАШ", како и со цел јакнење на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас.
Наведено е дека во изминатите седум дена се убиени најмалку 228 терористи, меѓу кои 223 припадници на терористичката организација ДЕАШ, и уште пет припадници на терористичката организација ПКК/ПЈД. Во рамките на оваа акција воспоставена е контрола на над 1.910 километри квадратни територија на подрачјето помеѓу сириските градови Азаз и Џарабулус.
Исто така уништени се 1.972 терористички мети и неутрализирани се околу 4.000 експлозивни направи.