Hülya Çorakçı Ertan
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин одржаа телефонски разговор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори од претседателството, Ердоган и Путин на средбата покрај разговорот околу билатералните односи, зборувале и за ситуацијата во Сирија, и регионалните проблеми.
Размениле информации и гледишта за акцијата која за цел ги имала турските војници како дел од активностите во подрачјето на Ел Баб, кои се водат во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат. Двајцата претседатели се согласиле дека е потребно да се забрзаат напорите околу изнаоѓање решение за хуманитарната криза во Алепо.
Претседателот Ердоган во разговорот рекол дека операцијата Штитот на Еуфрат е показател на одлучноста на Турција во борбата против тероризмот и дека во исто времено го поддржуваат територијалниот интегритет на Сирија.
На средбата, двајцата претседатели ја потврдиле својата определба за поддршка на периодот за нормализација на односите меѓу Турција и Русија. И Ердоган и Путин го истакнале значењето од зацврстувањето на односите меѓу двете земји и во тие рамки, премиерот на Турција Бинали Јилдирим на 6 декември ќе оствари официјална посета на Москва и беше кажано дека во првата половина на 2017 година ќе се одржи руско-турски состанок на Советот за соработка на високо ниво.