Ali Cevahir Aktürk
26 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Густа магла се спушти во раните утрински часови на Златниот рог и преминот Босфор во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Густата магла предизвика и намалена видливост што негативно влијаеше на сообраќајот на бродовите низ Босфорот.
Објективот на фоторепортерот на АА забележа густа магла во најголемиот турски град кој се наоѓа на Босфорскиот мореуз и го опфаќа природното пристаниште на Златниот рог.