Hatice Şenses Kurukız,Sefa Mutlu
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим, одржа говор на затворањето на Саемот за здравје во Истанбул. Во своето обраќање Јилдирим го истакна следното: „Во овие изминати 14 години АК партијата изработи големи проекти во повеќе области, но две области постојано се на врвот. Едната областа е здравјето, а втората е транспортот“, јавува Anadolu Agency (AA).
- „Се лажете доколку мислите дека со ограничувања ќе го воспитувате овој народ“ -
Премиерот Јилдирим во своето обраќање рече: „Повеќе нема место за изговори за изработка на посакуваниот производ во Турција. Нашата примарна цел треба да биде национализација и локализација. Најдобар одговор на сите оние кои сакаат да вршат финансиски манипулации врз нас е потпирање на сопствените извори, она што е изработено со сопствен труд и младата човечка сила. Ги преземаме потребните превентивни мерки. Ние го направивме она што е наша должност, по ова останува на младите инвеститори“.
- „Самите себеси си станале невеста и младоженец“ -
Премиерот Јилдирим за гласањето во Европскиот парламент го рече следоното:
„Пред два дена се собраа пратениците од Европскиот парламент и донесоа одлука за стопирање на преговорите со Турција. Оваа одлука нема никаква вредност. Самите себеси си станале невеста и младоженец. Можат да донесуваат одлуки колку што сакаат. Го почитуваме она што ќе го одлучи нашиот сакан народот, а одлуките донесени надвор од тоа, немаат никакво значење“.
„По овие патишта се држиме веќе 53 години. Зошто го правиме тоа? За подобар свет, побезбедна Европа. Мислам дека е немање визија кога покрај сите овие наши напори, се бара пауза во преговорите со Турција. Се надевам дека оваа одлука (одлука на ЕП) нема да биде разгледувана на Самитот на лидерите на ЕУ и нема да се даде согласност, со што нема да му биде нанесена штета на нашиот полувековен пат ЕУ - Турција. Сметам дека дека во Европа сѐ уште има лидери кои имаат визија“, рече премиерот Јилдирим.
- „Нарушено е чувството за доверба на нашиот народ кон ЕУ“ -
Премиерот Јилдирим во врска со одлуката на Европскиот парламент го кажа следното: „И онака намалената доверба на нашиот народ кон ЕУ со оваа одлука уште повеќе се наруши. Оваа одлука на Унијата е донесена далеку од политичката претпазливост и добрите намери. Првенствено ЕУ треба да одлучи дали ќе соработува со Турција или со терористичките организации кои шетаат низ Европа. Турскиот народ го очекува тоа“.
- „Турција е земја во која хуманоста не замре“ -
Турскиот премиер Јилдирим го истакна следното:
„Не треба да забораваат дека Турција е земјата која им помогна и ги прифати милионите бегалци од Сирија и Ирак, кои поради хуманитарната трагедија која се одвива во нивните земји, со цел да ги спасат сопствените животи, ги напуштија своите држави, своите татковини и дојдоа во Турција. Замислете каква ќе беше ситуацијата во Европа, доколку Турција не им излезеше во пресрет на овие бегалци. Во Унгарија и Австрија заминаа 3 до 5 бегалци, јавно ги удиравте и тепавте. Хуманоста е во Турција. Турција е земја во која хуманоста не замре.“
- „Ги преземавме потребните мерки“ -
За развојот на економското поле, премиерот Јилдирим истакна: „Минуваме низ еден турбулентен период. Погрешно е доколку тоа се гледа како конкретно и постојано бранување само на Турција. Тоа сакам отворено да го кажам. Сакам да им соопштам на сите наши граѓани дека имаме економија која се базира врз стабилни темели. Тоа што ‘Има бранувања во светот, ги има и во Турција’, не значи дека ќе останеме пасивни. Доколку постои и мало незадоволство кај инвеститорите, пазарите, бизнисмените, наша задача е да ја решиме. Затоа ги преземавме потребните мерки“.
- „Избори нема“ -
Премиерот на Турција Јилдирим во врска со бранувањата во државата го кажа следното: „Нашите граѓани не треба воопшто да бидат загрижени, бранувањето кое го има турската економија е состојба која е присутна во целиот свет. Се надевам дека од 2017 година ќе одвоиме повеќе средства за инвестиции, производство, вработувања. Ќе бидат отстранети и условите на вонредната состојба. Ќе ги изработиме ограничените измени поврзани со претседателскиот систем и ќе го продолжиме нашиот пат. Избори нема. Граѓаните го направија својот избор до 2019 година. Ќе продолжиме да сме во служба на граѓаните и дење и ноќе“.
„Оние кои на 15. јули се обидоа со оружје, тенкови и авиони да ја нарушат демократијата на Турција, сега во план им е да ја нарушат турската економија, но нека не си замислуваат дека ќе успеат во тоа. И на тоа поле ќе загубите, и таму ќе ја добиете својата лекција“, рече премиерот на Турција, Бинали Јилдирим.