Hatice Şenses Kurukız,Halil İbrahim Başer
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул порача дека 90 години по основањето на Република Турција, неговата земја повторно води војна за независност, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган присуствуваше на церемонијата на отворањето на постројката за напредно биолошко прочистување на отпадните води во Истанбул, и притоа се осврна и на актуелните случувања во земјата.
„Турција во последните три години поминува низ огнен круг. Ние мораме да ѝ дадеме вистинско име на таа борба. Ние водиме војна за независност, 90 години по основањето на Републиката. Состојбата во која денес се наоѓаме е во вистинска смисла на зборот, нова војна за независност. Освен тоа, оваа војна не е само на еден фронт, се води на воен, политички, дипломатски, економски и општествен план”, изјави Ердоган.
Зборувајќи за борбата против терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за државен удар на 15. јули, во оваа земја, Ердоган порача дека припадниците на ФЕТО ќе платат за оваа штета која ѝ ја нанесоа на Турција.
„Сè што законот бара ќе биде сторено и тие ќе ја платат цената. Ќе ја платaт цената на 238 загинати и 2.193 повредени лица во обидот за државен удар. Ќе ја платат, исто така, и цената на илегалните активности со приемниот испит за прием во јавната служба”, изјави Ердоган.
Тој изјави дека 15 јули е најдрскиот напад врз Турција во серијата напади на оваа земја во последните три години.
„15. јули не е обид за државен удар во внатрешната динамика на Турција, туку обид за државен удар на бандата која работеше по налог на надворешните сили. Ние поради тоа, за тој државен удар велиме дека бил обид за окупација”, изјави Ердоган.
Исто така се осврна и на критиките на сметка на вонредната состојба во Турција, и изјави дека земјата по обидот за државен удар и голем број крвави терористички напади, по вторпат се наоѓа во тромесечна вонредна состојба и додаде:
Тука нема да заврши. Можеби ќе трае уште три месеци, а потоа можеби и уште три. Не треба со тоа да се занимавате. За тоа одлучува Владата, Парламентот. Дали оваа земја ја води нејзината Влада или Европскиот парламент? Мора да знаете каде е границата, бидејќи тие времиња поминаа одамна”, порача Ердоган.
Во врска со усвојувањето на нацрт-одлуката од страна на Европскиот парламент (ЕП) во врска со Турција, Ердоган ја осуди порака кон Турција да не се бори против тероризмот, велејќи дека неговата земја скоро секој ден е сведок на терористички напади.
„Да не се борите против тероризмот, значи да му се предадете”, изјави претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердгоан.