Hülya Çorakçı Ertan
25 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Во разговорот станало збор околу акциите во подрачјето на Ел Баб во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат, во кои цел на напад биле турските војници. Двајцата претседатели се согласиле дела е потребно да се забрзаат напорите за изнаоѓање на решение за хуманитарната криза во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).