Sinan Uslu
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на антитерористичката акција во источниот турски град Дијабакир, убиен е Невзат Ѓундуз, терорист под кодно име Азат, за кој претходно беше распишата потерница и понудена беше награда од 1,5 милиони турски лири (430 илјади евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Како е соопштено од Вооружените сили на Република Турција, по вчерашната акција во местото Личе, недалеку од Дијабакир, пронајдени се тела на четворица терористи на ПКК, и откриен е нивниот идентитет.
Тогаш е откриено дека меѓу убиените се наоѓа и терорист за кој претходно беше распишана потерница и понудена награда од 1,5 милиони турски лири (430 илјади евра).
Се работи за Невзат Ѓундуз (43), под кодно име „Азат”, кој во ПКК беше одговорен за „ раководење и водство на специјалните сили”.
Турските безбедносни сили пред неколку дена во акцијата во градот Тунџели убија уште еден терорист на ПКК, Умут Хоџаоглу, по кој исто така беше распишана потерница и понудена награда од 1,5 милиони турски лири.