İlkay Guder
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со својот руски колега Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван избор од кабинетот на претседателот на Турција соопшти дека Ердоган и Путин разговарале за билатерални теми, како и за актуелните случувања во Сирија и во Ирак, а во тој контекст и за борбата против тероризмот во регионот.
Путин на турскиот колега Ердоган му честитал за успесите што турските сили ги оствариле во борбата потив ДЕАШ во Сирија.
Осврнувајќи се особено на ситуацијата во сирискиот Алепо, лидерите на двете земји разговарале и за украинската криза којашто ќе биде предмет на меѓународниот собир во Берлин.
Ердоган и Путин и во оваа пригода ја истакнале решителноста во процесот за обновување на билатералните односи меѓу Турција и Русија на сите полиња.