Kasım İleri
03 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Неодамнешниот неуспешен обид за државен удар во Турција не ги наруши безбедносните врски меѓу Анкара и Вашингтон, изјави претседателот на САД, Барак Обама за Си-ен-ен, во пресрет на доаѓањето во Кина, каде што на 4 и 5 септември ќе се одржи Самитот Г-20, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција ќе продолжи да биде силен сојузник на НАТО. Соработуваат со нас и се важен партнер за цела низа прашања во регионот“, изјави Обама во екслузивно интервју за Си-ен-ен, кое ќе биде објавено утре.
Обама ќе се состане со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на Самитот Г-20 во Хангџоу, Кина, а се очекува да дискутираат за обидот за државен удар и за други безбедносни прашања во регионот.
На прашањето во врска со стабилноста на Турција, Обама изјави дека земјата поминува низ „политички и граѓански потреси“, и дека самата мора да се обнови.
„Тие мора да се обноват и како ќе се обноват ќе биде важно, а она на коешто сакаме да укажеме е тоа дека го поддржуваме турскиот народ“, вели тој.
Со укажување почит кон турската Влада за соборување на терористичката организација ФЕТО, обвинета за организирање на обидот за државен удар, Обама додаде: „Како секој добар пријател, ние сакаме искрено да одговориме ако мислиме дека чекорите што ги преземаат се спротивни во однос на нивниот долгорочен интерес и нашето партнерство“.
Неуспешниот обид за државен удар предизвика напнатост помеѓу САД и Турција, со оглед дека водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, , престојува во сојузната американска држава Пенсилванија. Турските функционери изразија загриженост поради неподготвеноста на Вашингтон да го испорачаат лидерот на терористичката организација ФЕТО.
Пред да присуствува на регионалниот собир во Лаос, Обама за последен пат како претседател ќе се состане со лидерите на Самитот Г-20.