Haydar Hadi
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Хајдар ал-Ибади истакна дека неговата земја забележала загуба од 100 милијарди долари во борбата против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Забележавме загуба од 100 милијарди долари во борбата против ДЕАШ во северниот и во западниот дел на земјата. Ирачаните успешно го сочуваа интегритетот на земјата“, нагласи Ибади при посетата на ирачкиот град Карбала.
„Немаме потреба од посредство со курдскиот народ. Силите на Пешмергите се патриоти. Жално е што тие (Пешмергите) што не сакаа да и се спротивстават на ирачката војска се обвинети дека се предавници“, рече Ибади во врска со кризата меѓу Багдад и Ербил.
Ирачкиот премиер информираше дека изборите ќе се одржат навреме (во мај, 2018 година), и повтори дека Хашд ал Шаби нема да учествува на изборите бидејќи е вооружена структура.
Осврнувајќи се на неговата посета на Саудиска Арабија, Ибади рече дека оваа посета е значајна од аспект на суверенитетот на земјата. Тој упати предупредување да не се зголемуваат тензиите меѓу САД и некои земји во регионот.