Emre Gürkan Abay
11 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
МОСКВА (AA) - Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп денеска во Виетнам потпишаа заедничка изјава со која ја потврдија решителноста на двете земји кога е во прашање борбата против ДЕАШ на подрачјето на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од Кремљ, двајцата лидери се состанаа во виетнамскиот град Да Нанг, на маргините на Самитот за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК).
Нагласено е дека Путин и Трамп во таа пригода потпишаа заедничка изјава, во која е потврдена решителност и определеност на двете земји во борбата против терористичката организација ДЕАШ во Сирија, односно дека оваа организација ќе биде поразена.
Исто така, во врска со кризата во Сирија, во заедничката изјава е упатен повик до сите страни активно да се вклучат во преговорите во Женева.
Со заеднички потпишаната изјава, а според одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) потврдена е определеност на двете земји за суверенитет, независност и територијален интегритет на Сирија.
Двајцата лидери се сложија дека во Сирија не е можно воено решение и постигнаа спогодба за воспоставување на заеднички канали на комуникација за спречување на опасни настани во борба против ДЕАШ.
Исто така, двајвата лидери упатија повик на земјите членки на ОН во наредниот педиод да ги зајакнат акциите на хуманитарна помош кон Сирија.