Ekipa
03 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во судир на два метробуси во Истанбул беа повредени 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Meтробусот на линијата Бејликдузу-Зинџирликују од непознати причини се судри со друг метробус во Сефакој.
Откако на повредените патници им беше укажана прва помош, беа префрлени во болница.
Според извори од Управата на градот Истанбул, две лица претрпеле сериозни повреди.
По кратката пауза, сообраќајот е нормализиран.