AP
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
ВАРШАВА (АА) - Граничната агенција на Европската унија со седиште во Варшава (Фронтекс) денеска соопшти дека бројот на бегалците кои пристигнуваат во Грција, драстично падна во месец ноември што е прво намалување на таков вид од почетокот на годината и бегалската криза која ја зафати Западна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Причината за намалување на бројот најверојатно, како истакнува Фронтекс е влошување на временските прилики на море како и порестриктивната гранична политика на земјите од Западен Балкан
Во Грција во ноември пристигнаа најмалку 108 илјади бегалци што е намалување во однос на октомври кога пристигнаа најмалку 150 илјади бегалци.
Најголем број на бегалците во Грција доаѓа првенствено од Сирија, потоа од Авганистан и Ирак. Според Фронтекс, бројот на бегалците кои пристигнуваат во Италија од Либија исто така е намален веќе четврти месец по ред.