Mehmet Hatipoğlu
07 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
АТИНА (АА) - Одбележувањето на седмата годишнина од убиството на 16-годишниот Александар Григолопулос кој во Атина 2008 година го убија двајца полицајци ескалираше вечерва во нереди и хаос во главниот град на Грција, каде дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите, претежно студенти почнале мирни протести во знак на одбележување на седмата годишнина оф убиството на нивниот сограѓанин Григолопулос,а судирите настапија кога група маскирани демонстранти, анархисти, со камења и Молотовиеви коктели ја нападнаа полицијата
Демонстратите палеа канти за ѓубре, а полицијата со топовски удари и со солзавец се обидуваше да ја разбие насилната група.
Поголема група на демонстранти се собра во квартот Ексархи, каде палеа трговски дуѓани и паркирани автомобили. Со интервенција на специјалната полиција група околу 200 демонстранти е спречена да влезе во кампусот на Техничкиот универзитет.
Интервенираше и ватрогасната единица кога молотовиев коктел предизвика пожар во една четирикатница, а реакцијата беше правовремена и ефикасна.
Во нередите се повредени најмалку 25 демонстранти, а ангажирани се повеќе од 6.000 полицајци. За сега нема информации за повредени лица за време на нередите.
Демонстрации се одржани и во неколку градови, а до нереди дојде во Солун.
На денешен ден 2008 година двајца полицајци од огнено оружје во Атина го убија малолетниот Григоропулос. После тој инцидент во Атина почна повеќенеделен бран на масовни протести кои ескалираа во нереди. Еден полицаец е осуден на доживотен, а другиот на десет години затвор.