Mehmet Hatipoğlu
06 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
АТИНА (АА) - Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2016 година. На гласањето присуствуваа 298 членови на Парламентот, а 153 од нив гласаа „за“, јавува Anadolu Agency (АА).
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, пред гласањето кажа дека новиот буџет е тежок, но неопходен за економскиот развој на земјата која веќе неколку години се бори со тешката економска криза.
„Буџетот за 2016 година е предизвик за владата која сака општествена правда. Меѓутоа, потребно е да се променат економските и општествените параметри на земјата за да се создаде систем кој праведно ќе ги распоредува приходите и даноците. Владата покажа волја и одлучност да воведе промени, но за да се оствари тоа, потребно е време“, додаде Ципрас.
Привремениот претседател на главната опозициска партија Нова Демократија, Јанис Плакиотакис, смета дека новиот буџет го подготвиле кредиторите и ѝ го издиктирале на владата.
Плакиотакис смета дека Ципрас ја ставил под хипотека иднината на државата.
Грција во август доби 86 милијарди евра финансиска помош.
Новиот буџет за 2016 година содржи мерки во вредност од 5,7 милијарди евра. Новата влада ќе мора значително да ги намали јавните трошоци, како и трошоците на одбраната.