Ekipa
24 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - На третиот круг од гласањето за претседател на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), пратеникот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија) од Текирдаг, Мустафа Шентоп, со апсолутно мнозинство е избран за нов претседател на турското Собрание, добивајќи 336 гласа, јавува Anadolu Agency (AA).
На третиот круг од гласањето во Генералното собрание во Анкара, учествуваа 542 пратеници.
Пратеникот на АК Партијата од Текирдаг, Мустафа Шентоп, доби 336 гласа, и со тоа стана новиот претседател на турското Собрание.
Противкандидатите на Шентоп, пратеникот на Републиканската народна партија (ЏХП), Ангин Алтај, доби 124 гласа, пратеничката на Народната демократска партија (ХДП), Серпил Кемалбај Пекѓозеѓу, доби 46 гласа, додека пратеникот на Партијата ИЈИ, Имам Хусеин Филиз, доби 33 гласа. Бројот на неважечките гласови изнесуваше 3.