Ekipa
24 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со причината зошто не се состанува со египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси, рече: „Јас никогаш нема да се сретнам со таква личност. Најпрвин со амнестија треба да ги ослободи сите затворени лица. Ние не можеме да се сретнеме со Сиси сѐ додека не ги ослободи нив. Египетскиот народ е нашата душа, но тој никогаш не е“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган беше дел од заедничката емисија на „Си-ен-ен“ (CNN), „Турк“ (Türk) и „Канал Д“ (Kanal D), во која говореше за актуелните теми.
Турскиот претседател се осврна на последните случувања во Египет. „Се прашувам, зошто се прекинаа нашите односи со Египет? Или зошто ние како високи лидери не се состануваме? Треба да се разгледа тоа“, рече Ердоган.
Ердоган нагласи дека кога зборува, сака да зборува јасно, и дека оние во светот кои велат дека се против пучистите, не покажале став против Сиси кој го симна од функцијата претседател Морси, туку го пречекуваат со црвен тепих.
Според Ердоган, овие земји, исто така стојат зад обидот за државен удар на 15 јули во Турција.
„Овие земји стоеја зад обидот за државен удар на 15 јули. Морси на функција дојде со 52 отсто од гласовите на народот. Го симнаа. Потоа цената му ја наплатија на друг начин. Моментално Морси, заедно со неговите пријатели е сѐ уште во затвор. Јас со години зборував и не го криев тоа дека Сиси е пучист. За жал, западните земји сѐ уште со решителност продолжуваат да ги поддржуваат пучистите“, додаде Ердоган.
Ердоган нагласи дека од денот кога Сиси дошол на функцијата, 42 лица биле егзекутирани.
„Тоа е злосторство врз човештвото. Од денот кога Сиси дојде на функција, колку што се сеќавам, 42 лица биле егзекутирани, а последен пат беа егзекутирани 9 млади лица. Тоа не е нешто што може да се проголта“, нагласи Ердоган, и рече дека организацијата „Amnesty International“ апелирала да се спречи тоа, но немало резултат.
Турскиот претседател нагласи дека Западот молчи и не презел ништо против егзекуцијата на овие 9 млади лица.
Ердоган укажа на зборовите на едно момче кое било егзекутирано во Египет, кое кажало дека биле изложени на тортура со струја.
Турскиот претседател Ердоган упати критики и до претседателот на Египет, Сиси.
„Сега ќе ни велат ’судството ја донесе таа одлука‘. Добро, но судството, изборите, сето тоа е приказна. Таму има една тотално авторитарна, тоталитарна структура. Кого сакаш, го назначуваш каде сакаш, и кога сакаш, го отстрануваш оттаму. Сакам да им одговорам на тие кои велат ’Зошто Ердоган не се сретнува со Сиси?‘ Одвреме-навреме доаѓа некој кој сака да биде посредник. Јас никогаш нема да се сретнам со таква личност. Најпрвин со амнестија треба да ги ослободи сите затворени лица. Ние не можеме да се сретнеме со Сиси сѐ додека не ги ослободи нив. Египетскиот народ е нашата душа, но тој никогаш не е“, истакна Ердоган.