Handan Kazancı
24 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе присуствува на Советот за човекови права на ОН, кој треба да се одржи во Женева од 25 до 27 февруари, соопшти денес Министерството, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, турското Министерство за надворешни работи истакнува дека Чавушоглу ќе учествува на Сегментот од високо ниво на 40. седница на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН).
Тој „ќе има обраќање пред Советот за човекови права и Сегментот од високо ниво на Конференцијата за разоружување, на 25 февруари“, се вели во соопштението.
За време на неговиот престој во Женева, Чавушоглу ќе одржи и билатерални средби со своите колеги на маргините од состанокот на ОН.