Handan Kazancı
24 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 224 војници на должност се уапсени во Турција поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Апсењата се случија откако турските обвинители издадоа налози за апсење на 295 војници, кои се товарат дека комуницирале со припадници на ФЕТО преку говорници и фиксни телефони, како дел од истрагата за структурите на ФЕТО во турските вооружени сили.
„Турската полиција продолжува со операциите за апсење на преостанатите 71 осомничено лице“, велат судските извори.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.