Özcan Yıldırım
24 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили извршија жестоки напади врз упориштата на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турските бомбардери извршиле напади на новооткриените засолништа на терористичката организација ПКК во регионите Хакурк и Зап.
Во соопштението се наведува дека во нападите се уништени сите гаѓани цели.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое се смета за колевка на терористичкото движење ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.
Воените операции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базирани на правата на Турција засновани на меѓународното право на самоодбрана и резолуциите на ОН кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Операциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализација на терористичките закани.