Sarp Özer
30 Јули 2021•Ажурирај: 31 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили извршија воздушна операција во подрачјата на Кандил, Гара, Хакќурк и Зап кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, при што се уништени околу 40 терористички цели, меѓу кои упоришта, засолништа, складишта за муниција и таканаречени бази, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Се истакнува дека Турските вооружени сили (ТСК) со голема упорност и решителност ги продолжуваат ефективните и сеопфатните операции за борба против сепаратистичката терористичка организација.
Во соопштението се наведува дека во тие рамки извршена е воздушна операција врз целите кои биле користени од страна на терористите во Кандил, Гара, Хакќурк и Зап во северниот дел на Ирак.
„Преку воздушна операција се уништени околу 40 терористички цели, меѓу кои упоришта, засолништа, складишта за муниција и таканаречени бази, како и пештери, и е зададен тежок удар на присуството на оваа терористичка организација во регионот“, се додава во соопштението.
Се нагласува дека Турските вооружени сили ќе ја продолжат својата борба против тероризмот сѐ до неутрализирање на последниот терорист со цел осигурување на безбедноста на земјата и народот.